Најмалку 20 лица загинаа на југот на Филипините во поплави и лизгање на земјиштето

Најмалку 20 лица загинаа во поплави и лизгање на земјиштето поради обилните дождови што ги погодија јужните делови на Филипините во последните денови, соопштија провинциските агенции за катастрофи. Тринаесет лица загинаа во провинцијата Давао де Оро, а две се водат за исчезнати, додека седум лица загинаа во соседната филипинска провинција...

февруари 5, 2024 - 17:00
 0  0
Најмалку 20 лица загинаа на југот на Филипините во поплави и лизгање на земјиштето

Најмалку 20 лица загинаа во поплави и лизгање на земјиштето поради обилните дождови што ги погодија јужните делови на Филипините во последните денови, соопштија провинциските агенции за катастрофи.

Тринаесет лица загинаа во провинцијата Давао де Оро, а две се водат за исчезнати, додека седум лица загинаа во соседната филипинска провинција Давао дел Норте, соопштија локалните власти.

Според Националната агенција за катастрофи, погодени се најмалку 812.000 луѓе, од кои околу 85.000 луѓе се евакуирани.