Нема индикации за тероризам или намера во уривањето на мостот во Балтимор, изјави началникот на полицијата

Полицијата во Балтимор соопшти дека нема докази дека судирот на бродот што го предизвика уривањето на мостот Френсис Скот Ки бил намерен. „Нема апсолутно никакви индикации дека има некаков тероризам, дека тоа е направено намерно“, рече началникот Ричард Ворли на прес-конференција. ФБИ соопшти дека се приклучува на истрагата за причините...

Мар 26, 2024 - 17:00
 0  1
Нема индикации за тероризам или намера во уривањето на мостот во Балтимор, изјави началникот на полицијата

Полицијата во Балтимор соопшти дека нема докази дека судирот на бродот што го предизвика уривањето на мостот Френсис Скот Ки бил намерен.

„Нема апсолутно никакви индикации дека има некаков тероризам, дека тоа е направено намерно“, рече началникот Ричард Ворли на прес-конференција. ФБИ соопшти дека се приклучува на истрагата за причините за судирот.

Спасувачките екипи утврдија дека има возила во реката по уривањето на мостот.

„Открино е присуство на возила потопени во вода“, рече шефот на противпожарната служба Џејмс Валас. „Сè уште немам бројка за тоа“.

Валас рече дека чекаат да се уверат дека бродот е безбеден и стабилен пред истражителите да се качат на него.

„Никогаш не би помислиле дека ќе видите, физички да го видите мостот „Ки“ како така се сруши“, рече градоначалникот Брендон М. Скот.

„Изгледаше како нешто од акционен филм“.