Нестабилно време до петок и невреме на повеќе места, најавуваат метеоролозите

Под влијание на исклучително нестабилна воздушна маса, до петок ќе се задржи променливо облачно и нестабилно време со пороен дожд и грмежи, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи. На повеќе места ќе има појава на невреме со обилен пороен дожд за кратко време, грмежи, силен ветер (над 60 километри на...

јуни 26, 2024 - 01:01
 0  1
Нестабилно време до петок и невреме на повеќе места, најавуваат метеоролозите

Под влијание на исклучително нестабилна воздушна маса, до петок ќе се задржи променливо облачно и нестабилно време со пороен дожд и грмежи, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

На повеќе места ќе има појава на невреме со обилен пороен дожд за кратко време, грмежи, силен ветер (над 60 километри на час) и град.

Во Скопје до петок ќе преовладува променливо облачно и нестабилно време со повремен пороен дожд и грмежи. Во делови од котлината процесите ќе бидат во форма на невреме со пообилен пороен дожд за кратко време, грмежи, силен ветер и појава на град, информираат од УХМР.

Во случај на појава на електрични празнења се препорачува поголема внимателност, да не се престојува на отворен простор и под осамени дрвја./Извор:Makfax