НЕВРЕМЕ ВО НАЈАВА, ОБИЛНИ ВРНЕЖИ ОД ДОЖД И ГРМЕЖИ, НО И ПОВИСОКИ ТЕМПЕРАТУРИ – Метеоцентар со детална четиридневна прогноза

Следува период на променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд. Во петок и понеделник врнежите ќе бидат поројни со услови за појава на грмежи, а во понеделник наместа и пообилни. Ќе дува засилен, повремено силен ветер од јужен правец кој ќе надминува брзина од 70 km/h. Прогноза за...

окт 22, 2025 - 18:30
 0
НЕВРЕМЕ ВО НАЈАВА, ОБИЛНИ ВРНЕЖИ ОД ДОЖД И ГРМЕЖИ, НО И ПОВИСОКИ ТЕМПЕРАТУРИ – Метеоцентар со детална четиридневна прогноза

Следува период на променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд. Во петок и понеделник врнежите ќе бидат поројни со услови за појава на грмежи, а во понеделник наместа и пообилни. Ќе дува засилен, повремено силен ветер од јужен правец кој ќе надминува брзина од 70 km/h.

Прогноза за 24.10.2025
Минимална температура: 8°C до 14°C
Максимална температура: 18°C до 24°C

Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, наместа поројни со услови за појава на грмежи. Ќе дува засилен до силен ветер од југозападен правец (над 70 km/h).

Прогноза за 25.10.2025
Минимална температура: 4°C до 11°C
Максимална температура: 16°C до 22°C

Променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен, во западните делови наместа повремено засилен ветер од југозападен правец.

Прогноза за 26.10.2025
Минимална температура: 6°C до 12°C
Максимална температура: 18°C до 23°C

Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува умерен ветер од јужен правец.