Никарагва ја тужи Германија за помош на Израел

Никарагва поднесе тужба против Германија до Меѓународниот суд на правдата (МСП) за давање финансиска и воена помош на Израел и кратење средства на Агенцијата на ОН за палестински бегалци (УНРВА), соопшти највисокиот суд на ОН. Никарагва побара од МСП, исто така познат како Светски суд, да донесе итни мерки со...

Мар 2, 2024 - 14:00
 0  2
Никарагва ја тужи Германија за помош на Израел

Никарагва поднесе тужба против Германија до Меѓународниот суд на правдата (МСП) за давање финансиска и воена помош на Израел и кратење средства на Агенцијата на ОН за палестински бегалци (УНРВА), соопшти највисокиот суд на ОН.

Никарагва побара од МСП, исто така познат како Светски суд, да донесе итни мерки со кои се бара Берлин да престане да дава воена помош за Израел. Судот вообичаено одредува датум за расправа за бараните итни мерки во рок од неколку недели од поднесувањето на тужбата.

Според Никарагва, Германија ја прекршува Конвенцијата за геноцид од 1948 година и Женевската конвенција од 1949 година за законите за војна на окупираните палестински територии.

Тужбата доаѓа по онаа на Јужна Африка против Израел поради тврдењата за геноцид на Палестинците во Газа.

Заедно со САД, Германија е еден од најголемите извозници на оружје во Израел.