Ноќен инцидент во скопско: нападнат млад човек, демолирано возило
На 12 декември 2025 година во 02:30 часот во СВР Скопје е пријавено дека 22-годишен жител на село Чајлане, скопско, пријавил оти на 11 декември 2025 година околу 22:30 часот, пред продажен објект на подрачјето на Сарај, по претходно недоразбирање, бил физички нападнат од три лица. Во истиот настан, друго...
На 12 декември 2025 година во 02:30 часот во СВР Скопје е пријавено дека 22-годишен жител на село Чајлане, скопско, пријавил оти на 11 декември 2025 година околу 22:30 часот, пред продажен објект на подрачјето на Сарај, по претходно недоразбирање, бил физички нападнат од три лица.
Во истиот настан, друго лице со метален предмет го оштетило возилото на неговиот пријател, кој бил со него на местото.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.