Шокантен напад во Карпош: Група малолетници нападнале 13-годишно момче

На 11 декември 2025 година во 19:10 часот во СВР Скопје е пријавено дека околу 14:30 часот, на подрачјето на Карпош, четири малолетни лица физички нападнале 13-годишно момче кое го познавале. При нападот, едно од малолетните лица употребило тврд предмет, по што на момчето му биле упатени и закани поврзани...

дек 12, 2025 - 18:30
 0
Шокантен напад во Карпош: Група малолетници нападнале 13-годишно момче

На 11 декември 2025 година во 19:10 часот во СВР Скопје е пријавено дека околу 14:30 часот, на подрачјето на Карпош, четири малолетни лица физички нападнале 13-годишно момче кое го познавале.

При нападот, едно од малолетните лица употребило тврд предмет, по што на момчето му биле упатени и закани поврзани со неговите двајца браќа.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.