„Одиме до ‘Прохор Пчињски’ да се помолиме дека останавме живи“: на српски туристи им се запали возилото кај Гевгелија

Семејство од Србија вчера поминало низ вистински пекол кога нивниот автомобил се запалил на македонските патишта додека се враќале дома по одморот во Грција. Тие велат декај и покрај тоа што гаснеле со два противпожарни апарта, нивниот автомобил изгорел за 2 минути. „Нашиот автомобил изгоре кај Гевгелија од правец на...

авг 6, 2024 - 21:30
 0  0
„Одиме до ‘Прохор Пчињски’ да се помолиме дека останавме живи“: на српски туристи им се запали возилото кај Гевгелија

Семејство од Србија вчера поминало низ вистински пекол кога нивниот автомобил се запалил на македонските патишта додека се враќале дома по одморот во Грција.

Тие велат декај и покрај тоа што гаснеле со два противпожарни апарта, нивниот автомобил изгорел за 2 минути.

„Нашиот автомобил изгоре кај Гевгелија од правец на Евзони кон Србија. Испразнив два противпожарни уреда. И луѓе застанаа да помогнат, но бесцелно. Добро сме. Автомобилот беше сервисиран пред патувањето, одржуван, сѐ е исправно. Не знам што се случи, за 2 минути сѐ изгоре. Важно е дека сме добро“, велат од семејството.

Како што велат, утре се враќаат во Белград, но пред тоа ќе го посетат манастирот „Прохор Пчињски“ за да му се заблагодарат на Бога што се живи и здрави.

„Мојот сопруг претходно резервира соба во Велес. Зедов ‘помош на пат’, луѓе ни помогнаа и нѐ однесоа до хотелот. Во среда доаѓа пријател да нѐ земе, па вечерта сме во Белград. Сè уште сум во шок. Не поради автомобилот, туку поради тоа што можеше да се случи. Имам слика во мојата глава кога маж ми ги вадеше работите и кога пожарот се прошири низ шумата. Не знаев ни каде да застанам. Верувајте ми, целосно проверивме сè пред патувањето. Не знаеме што е во прашање. Се наоѓаме во хотел во Македонија. В среда ќе застанеме кај манастирот ‘Прохор Пчињски’. Се чувствуваме благодарни и имаме потреба да се помолиме дека останавме живи“, изјави семејството./Извор:Makfax