Оливер Спасовски упати честитки по повод 23 години од формирањето на Единицата за брзо распоредување при МВР

Оливер Спасовски упати честитки по повод 23 години од формирањето на Единицата за брзо распоредување при МВР: „Упатувам честитки по повод 23 години од формирањето на Единицата за брзо распоредување при МВР, чувар на безбедноста на граѓаните на Македонија. Сиве овие години оваа единица помина низ еден процес на европеизација...

авг 23, 2024 - 18:00
 0  3
Оливер Спасовски упати честитки по повод 23 години од формирањето на Единицата за брзо распоредување при МВР

Оливер Спасовски упати честитки по повод 23 години од формирањето на Единицата за брзо распоредување при МВР:

„Упатувам честитки по повод 23 години од формирањето на Единицата за брзо распоредување при МВР, чувар на безбедноста на граѓаните на Македонија.
Сиве овие години оваа единица помина низ еден процес на европеизација со воспоставување на високи европски полициски стандарди во својата работа, со видливи резултати во редовното полициско работење, подготвена во целост да ги изврши сите сложени безбедносни задачи, посебно во делот за сузбивање на тешките облици на криминал, во спречување на нарушување на јавниот ред и мир, во борбата против тероризмот.
Создадовме високофункционална професионална единица по примерот на европските специјални сили – од 2017 година во континуитет вложувавме во материјално-техничкото оспособување на полициските служби, претежно со сопствени средства од буџетот на МВР, а во тие планови беа опфатени и припадниците на ЕБР. Три различни видови униформи за ЕБР (урбана маскирна, рурална маскирна и униформа за услови на нарушен ЈРМ во поголем обем и апсење на опасни лица), како и спортска опрема, опремување со современи средства, оружје и возила. Ја позициониравме ЕБР како респектабилен партнер, активно анагажирана во мноштвото регионални и меѓународни иницијативи, операции, проекти, во сите области од безбедносната сфера.
Посебно место во македонската историја имаат полициските службеници, храбрите срца што ги положија животите на браникот на татковината, нивната жртва при извршување на полициските задачи, никогаш нема да бидат заборавени!
ЕДИНИЦАТА ЗА БРЗО РАСПОРЕДУВАЊЕ секогаш на браникот на безбедноста, на браникот на државата, во заштита на интересите на граѓаните, согласно нивниот слоган – СЕКОГАШ И СЕКАДЕ!“ – објави Спасовски на Фејсбук.