Орце Ѓорѓиевски потврди: Отпуштени 371 работник од јавните претпријатија во Скопје

До сега се отпуштени 371 работник од јавните претпријатија во Скопје, соопшти градоначалникот на град Скопје Орце Ѓоргиевски, за кои тврди дека со години примале плата без да се појавуваат на работа. „Тоа се луѓе кои сите ние, скопјани, ги плаќаме со години наназад, а не оделе на работа, а...

ноември 7, 2025 - 01:30
 0
Орце Ѓорѓиевски потврди: Отпуштени 371 работник од јавните претпријатија во Скопје

До сега се отпуштени 371 работник од јавните претпријатија во Скопје, соопшти градоначалникот на град Скопје Орце Ѓоргиевски, за кои тврди дека со години примале плата без да се појавуваат на работа.

„Тоа се луѓе кои сите ние, скопјани, ги плаќаме со години наназад, а не оделе на работа, а земале плата. Во минатото се правеа драми дека се постапува, дека некој се брка, но во суштина се правела само замена. Во овој систем, секој што врши злоупотреби, ќе биде отстранет,“ изјави Орце Ѓоргиевски.

Новиот градоначалник попладнево околу 15 часот ја презеде функцијата.