ДОАЃА МНОГУ ДОЖД И НЕВРЕМЕ: Синоптичарите со 4 дневна прогноза

Под влијание на серија влажни воздушни бранови од денес во вечерните часови до понеделник (10.11.) следува период на променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд. Наместа повремено врнежите ќе бидат поројни и пообилни со услови за појава на грмежи. Во текот на 24 часа се очекува да наврне...

ноември 7, 2025 - 01:30
 0
ДОАЃА МНОГУ ДОЖД И НЕВРЕМЕ: Синоптичарите со 4 дневна прогноза

Под влијание на серија влажни воздушни бранови од денес во вечерните часови до понеделник (10.11.) следува период на променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд. Наместа повремено врнежите ќе бидат поројни и пообилни со услови за појава на грмежи. Во текот на 24 часа се очекува да наврне поголема количина дожд (над 30 l/m²). Од вторник ќе има стабилизирање на времето.

Прогноза за 08.11.2025
Минимална температура: 6°C до 12°C
Максимална температура: 11°C до 16°C

Претежно облачно со повремени локални врнежи од дожд, пообилни во источните делови. Ќе дува слаб до умерен, наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од јужен правец.

Прогноза за 09.11.2025
Минимална температура: 5°C до 11°C
Максимална температура: 14°C до 20°C

Прменливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.

Прогноза за 10.11.2025
Минимална температура: 7°C до 13°C
Максимална температура: 13°C до 18°C

Претежно облачно со повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.