Папата ги критикуваше Харис и Трамп, на католиците им порача: Мора да го изберете помалото зло

Папата Франциско го критикуваше поранешниот американски претседател Доналд Трамп за неговиот план да депортира милиони имигранти и американската потпретседателка Камала Харис за поддршката на правата за абортус. На прашањето за американските претседателски избори на летот од Сингапур до Рим, папата Франциско рече дека неприфаќањето мигранти е „тежок“ грев, а абортусот...

септември 14, 2024 - 12:00
 0  3
Папата ги критикуваше Харис и Трамп, на католиците им порача: Мора да го изберете помалото зло

Папата Франциско го критикуваше поранешниот американски претседател Доналд Трамп за неговиот план да депортира милиони имигранти и американската потпретседателка Камала Харис за поддршката на правата за абортус.

На прашањето за американските претседателски избори на летот од Сингапур до Рим, папата Франциско рече дека неприфаќањето мигранти е „тежок“ грев, а абортусот го спореди со „убиство“.

Тој рече дека американските католици ќе мора „да го изберат помалото зло“ на изборите во ноември.

Франциско им зборуваше на новинарите по исцрпувачката 12-дневна турнеја низ Југоисточна Азија и Океанија. Иако Папата не ги спомна Трамп и Харис по име, тој посебно се осврна на нивната политика. И покрај тоа што ги критикуваше двајцата кандидати, тој рече дека католиците треба да гласаат на изборите.

„Треба да го изберете помалото зло. Кој е помалото зло? Таа дама или тој господин? Не знам. Секој со совест (мора) да размислува и да го направи тоа“, рече 87-годишниот папа Франциско.

Тој претходно ја критикуваше антиимигрантската реторика на Трамп. Во 2016 година, Папата рече дека Трамп „не е христијанин“ во своите ставови.

А денеска рече дека политиките на двајцата кандидати е „против животот“.

„Без разлика дали е тој што протерува мигранти или тој што убива деца. И двајцата се против животот“, рече папата Франциско./Извор:Makfax