Пеколно жешко и за празничниот продолжен викенд – Метеоцентар ја објави деталната четиридневна прогноза

Утре ќе се задржи сончево и топло време со слаб до умерен ветер од променлив правец. Во петок и во деновите од викендот во попладневните часови наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, а локално ќе има услови за појава на невреме со силен ветер и град. За...

јул 31, 2024 - 22:30
 0  1
Пеколно жешко и за празничниот продолжен викенд – Метеоцентар ја објави деталната четиридневна прогноза

Утре ќе се задржи сончево и топло време со слаб до умерен ветер од променлив правец. Во петок и во деновите од викендот во попладневните часови наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, а локално ќе има услови за појава на невреме со силен ветер и град. За време на викендот ќе дува умерен до засилен северен ветер и дневната температура ќе опадне за неколку степени.

Прогноза за 02.08.2024
Минимална температура: 11°C до 20°C
Максимална температура: 33°C до 40°C

Претпладне сончево и топло, а попладне со услови за локален пороен дожд и грмежи. Ќе дува со слаб до умерен ветер претежно од северозападен правец. UV=9

Прогноза за 03.08.2024
Минимална температура: 13°C до 22°C
Максимална температура: 32°C до 39°C

Сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, а локално и со услови за појава на невреме со силен ветер и град. Ќе дува умерен до засилен ветер претежно од северозападен правец. UV=8

Прогноза за 04.08.2024
Минимална температура: 14°C до 23°C
Максимална температура: 30°C до 37°C

Сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен, а наместа засилен ветер од северозападен правец. UV=8