Петар Стевановиќ, еко – активист: Со „Генералките“ ни е убаво затоа што сме направиле некоја промена

Еко активистите, во организација на невладината организација „За почиста Македонија“ и центарот „Лабораториум“, пред неколку недели ја исчистија депонијата кај Аквадуктот, археолошкиот локалитет од 6 век, кој претставува една од позначајните знаменитости на градот. Активистите порачуваат дека младите треба да бидат пример за зачувување на животната средина. Нивната цел, како...

мај 21, 2024 - 17:00
 0  2
Петар Стевановиќ, еко – активист: Со „Генералките“ ни е убаво затоа што сме направиле некоја промена

Еко активистите, во организација на невладината организација „За почиста Македонија“ и центарот „Лабораториум“, пред неколку недели ја исчистија депонијата кај Аквадуктот, археолошкиот локалитет од 6 век, кој претставува една од позначајните знаменитости на градот.
Активистите порачуваат дека младите треба да бидат пример за зачувување на животната средина. Нивната цел, како што велат од организацијата, не е само да се чисти само за да биде почисто, туку да се инспирираат и мотивираат што повеќе луѓе да се грижат за нивната околина и да бидат активни во нејзиното сочувување.
Затоа нивниот слоган гласи: „Не барајте човек за пример. Бидете примерот!“

Со Петар Стевановиќ разговараше Хусаметин Гина

За тоа како се роди идејата за чистењето на Аквадуктот, како се реализираше акцијата, и за многу повеќе детали, порталот Рацин.мк разговараше со Петар Стевановиќ основач на невладината „За почиста Македонија“.

Идејата за формирањето на невладината организација доаѓа од скопските планини. Петар и неговите пријатели при искачување по планините забележуваат ѓубре на патот по кој се движат. Назад се враќаат со неколку ќеси ѓубре кое го собираат при нивната прошетка. Најпрвин почнуваат со објавување на видеа, разни стории, фотографии на социјалните медиуми, потоа во јули 2020 година ја формираат невладината организација. Моментално активни се четири лица, а десетина луѓе секогаш учествуваат на акциите за чистење на околината. Исто така на нивните чистки се приклучуваат голем број на волонтери, љубители на природата.

На прашањето од каде потекна идејата за чистење на скопскиот Аквадуктот, Петар истакна дека покрај посочувањето на неговите пријатели којшто го имаат посетувано Аквадуктот имало критика и од германски турист, кој конкретно им напишал порака за ѓубрето на локалитетот.

Целото интервју погледнете го на Рацин.мк (ЛИНК).