Планинарска спасителна служба извлече повреден турист во Охридско, лицето е пренесено во болница

Регионалниот ЦУК Охрид, извести дека вчера Планинарска спасителна служба од 13.40 до 15.00 часот, имала спасителна акција на територија на Општина Охрид. Конкретно, извршено е извлекување на повредено лице од околината на село Елшани (холандски турист) кое имало скршеница на нога и е предадено на екипа од Итната медицинска помош...

јуни 22, 2024 - 01:00
 0  4
Планинарска спасителна служба извлече повреден турист во Охридско, лицето е пренесено во болница

Регионалниот ЦУК Охрид, извести дека вчера Планинарска спасителна служба од 13.40 до 15.00 часот, имала спасителна акција на територија на Општина Охрид.

Конкретно, извршено е извлекување на повредено лице од околината на село Елшани (холандски турист) кое имало скршеница на нога и е предадено на екипа од Итната медицинска помош од Охрид.

Лицето е пренесено во болницата „Св. Еразмо“ во Охрид на понатамошен третман./Извор:Makfax