Почина Џо Либерман, долгогодишен демократски сенатор во американскиот Конгрес

Џо Либерман, долгогодишен демократски сенатор во американскиот Конгрес од државата Конектикат и поранешен кандидат за потпретседател на САД, почина во средата на 82-годишна возраст. Семејството на политичарот соопшти дека Либерман починал поради компликации предизвикани од падот, пренесува американскиот портал Политико. Тој беше првиот еврејски кандидат на гласачкото ливче на големите...

Мар 28, 2024 - 13:00
 0  0
Почина Џо Либерман, долгогодишен демократски сенатор во американскиот Конгрес

Џо Либерман, долгогодишен демократски сенатор во американскиот Конгрес од државата Конектикат и поранешен кандидат за потпретседател на САД, почина во средата на 82-годишна возраст.

Семејството на политичарот соопшти дека Либерман починал поради компликации предизвикани од падот, пренесува американскиот портал Политико.

Тој беше првиот еврејски кандидат на гласачкото ливче на големите американски партии, во 2000 година со претседателскиот кандидат Ал Гор.

Едно од неговите најголеми наследства е учеството во формирањето на Министерството за внатрешна безбедност по терористичките напади од 11 септември 2001 година.

Подоцна, во 2004 година, тој неуспешно се обиде да стане претседателски кандидат на Демократската партија, бидејќи демократите го сметаа за „премногу близок со републиканците“, според Политико.

Од политиката се повлече во 2012 година, а последен пат се врати во 2023 година како претставник на организацијата „Без етикети“, која на Американците требаше да им обезбеди трета опција, покрај Републиканската и Демократската партија.