Почувствуван земјотрес во Пехчево и околината

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани во нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, рано утрово, 12.8.2024 година, регистрира земјотрес, чиј епицентар припаѓа на епицентралното подрачје Делчево – Берово, 124 km југоисточно од Скопје. Земјотресот се случи во 4.48 часот со...

авг 12, 2024 - 18:00
 0  1
Почувствуван земјотрес во Пехчево и околината

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани во нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, рано утрово, 12.8.2024 година, регистрира земјотрес, чиј епицентар припаѓа на епицентралното подрачје Делчево – Берово, 124 km југоисточно од Скопје.

Земјотресот се случи во 4.48 часот со Рихтерова локална магнитуда ML2.4.

Според досегашните податоци, со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван од жителите во градот Пехчево и околината со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала./Извор:Makfax