„Политико“: Украина, најверојатно, ќе ги почне преговорите за членство во ЕУ во јуни

Целта на Европската Унија (ЕУ) е да ги почне официјалните преговори за пристапување на Украина и Молдавија веќе на 25 јуни кога се одржува самитот на Европскиот совет, изјавија за бриселски „Политико“ неименувани дипломати од Брисел. Кога лидерите на ЕУ ги отворија вратите за Украина и Молдавија во декември, потегот...

мај 21, 2024 - 17:00
 0  3
„Политико“: Украина, најверојатно, ќе ги почне преговорите за членство во ЕУ во јуни

Целта на Европската Унија (ЕУ) е да ги почне официјалните преговори за пристапување на Украина и Молдавија веќе на 25 јуни кога се одржува самитот на Европскиот совет, изјавија за бриселски „Политико“ неименувани дипломати од Брисел.

Кога лидерите на ЕУ ги отворија вратите за Украина и Молдавија во декември, потегот беше поздравен како прв чекор во историското проширување на Унијата, пишува во објава на „Политико“ и се додава:

„Официјалното зелено светло за почеток на пристапните преговори со ЕУ би било голем поттик за Украина, која е во третата година од војната“./Извор:Makfax