Попоска: По повеќе од две децении од падот на кулите близначки, повеќе од секогаш, се соочуваме со пад на либералните вредности врз кои е базирано општеството за кое се бореа многу генерации

„Нападите од 11/09 донесоа нова ера во светската политика и тектонски промени во односите на моќ и разбирањето на заканите по светскиот мир и безбедност, во кој се до тогаш, немаше место за недржавни субјекти“, посочува Доц. д-р. Весна Попоска, деканка на Правниот факултет при Универзитетот Визион –Гостивар во однос...

септември 11, 2023 - 16:10
 0  2
Попоска: По повеќе од две децении од падот на кулите близначки, повеќе од секогаш, се соочуваме со пад на либералните вредности врз кои е базирано општеството за кое се бореа многу генерации

„Нападите од 11/09 донесоа нова ера во светската политика и тектонски промени во односите на моќ и разбирањето на заканите по светскиот мир и безбедност, во кој се до тогаш, немаше место за недржавни субјекти“, посочува Доц. д-р. Весна Попоска, деканка на Правниот факултет при Универзитетот Визион –Гостивар во однос на влијанието на нападите на 11 септември, 2001 година во САД, во изјава за ЦИВИЛ Медиа.

„Кога Соединетите Американски Држави прогласија глобална војна против тероризмот по нападите на 11 септември, Френсис Фукујама коментираше дека „тероризмот е само орудие на крајот; Во овој поглед, војната против тероризмот нема повеќе смисла отколку војна на подморници“ . Иако ваквите ставови се ирелевантни во смисла на политиката и правото, крајот беше само почеток на една нова ера, во која и денес живееме или со зборовите на Антонио Гутереш, поранешен генерален секретар на ООН: Живееме во опасен свет.

Нападите од 11/09 донесоа нова ера во светската политика и тектонски промени во односите на моќ и разбирањето на заканите по светскиот мир и безбедност, во кој се до тогаш, немаше место за недржавни субјекти. За прв пат сè активираше членот 6 од Вашингтонскиот договор кон недржавни актери, а „failed states“ или паднатите држави беа препознаени како реален проблем за кој премногу долго се премолчуваше на сметка на принципот на државен суверенитет, игнорирајќи ги страдањата на локалното население од тирански владетели. Поранешниот претседател на САД кој прифати мировни преговори со Талибанците се најде на обвинителна клупа, што фрла сенка на сомнеж на сите стратешки одлуки донесени во периодот на неговото владеење.

Денес, повеќе од две децении по падот на кулите близначки, повеќе од секогаш, се соочуваме со пад на либералните вредности на кои е базирано општеството за кое се бореа многу претходни генерации. Либералниот периметар се повеќе се стеснува заради нов тип на закани во ново безбедносно опкржување, а личните слободи се ставени на тапет во име на стравот- пандемија, хибридна војна, инфлација, реална војна во Украина, милиони бегалци од блискиот исток. Надвор од нападите во Европа, секојдневно се случуваат терористички напади во земји од третиот свет, не само за остварување на глобална политичка цел и доминација, туку и за наметнување на личната агенда на корумпирани елити врз недолжно население. Одамна заговараниот систем на реформа на колективната безбедност, е повеќе од итност, а меѓународната солидарност е повеќе од неопходна, во име на сите цивили загинати во терористички напади насекаде во светот. Со зборовите на тогашниот генерален секретар на ООН, Кофи Анан – тероризмот мора да биде сузбиван, каде и да се појави, порача Попоска.