Поради протест, во прекин сообраќајот на патот Битола – Новаци

Сообраќајот на регоналниот пат Битола – Новаци е во прекин во двата правци поради протест, информираат од АМСМ. Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања...

мај 21, 2024 - 17:00
 0  3
Поради протест, во прекин сообраќајот на патот Битола – Новаци

Сообраќајот на регоналниот пат Битола – Новаци е во прекин во двата правци поради протест, информираат од АМСМ.

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува приспособена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде што има можност од појава на одрони. Ова особено се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево./Извор:Makfax