Порака до Трамп?; Северна Кореја лансира балистичка ракета

Северна Кореја денес лансира балистичка ракета, која падна во близина на ексклузивната економска зона на Јапонија, изјави јапонската премиерка Санае Такаичи. Како што е наведено, досега не се пријавени штети на авиони или бродови, пренесува Кјодо. Такаичи во Токио изјави дека им наредила на надлежните владини агенции бргу да ги...

ноември 7, 2025 - 13:30
 0
Порака до Трамп?; Северна Кореја лансира балистичка ракета

Северна Кореја денес лансира балистичка ракета, која падна во близина на ексклузивната економска зона на Јапонија, изјави јапонската премиерка Санае Такаичи.

Како што е наведено, досега не се пријавени штети на авиони или бродови, пренесува Кјодо.

Такаичи во Токио изјави дека им наредила на надлежните владини агенции бргу да ги достават потребните информации до јавноста и да обезбедат безбедност во целата земја.

Агенцијата потсетува дека лансирањето се случи само еден ден откога Пјонгјанг ги осуди најновите санкции на САД против осум севернокорејски поединци и два субјекта за перење пари поврзани со сајбер-криминал./Извор:Makfax