Пороен дожд, грмежи, силен ветер и изолирана појава на град: УХМР најави невреме за среда
Од УХМР известуваат дека под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса во текот на оваа седмица времето ќе биде променливо облачно и нестабилно со честа појава на локални врнежи од дожд и грмежи. Утре наместа процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд (за кратко...

Од УХМР известуваат дека под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса во текот на оваа седмица времето ќе биде променливо облачно и нестабилно со честа појава на локални врнежи од дожд и грмежи.
Утре наместа процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд (за кратко време поголема количина), грмежи, силен ветер (над 60 km/h) и изолирана појава на град. Во четврток во западните делови ќе дува засилен ветер од југозападен правец.
Во случај на појава на електрични празнења се препорачува поголема внимателност, да не се престојува на отворен простор и под осамени дрвја./Извор:Makfax