Повеќе од 100 луѓе загинаа, а неколку стотици повредени во напад на пазар во Судан
Повеќе од 100 луѓе загинаа, а неколку стотици се повредени во воздушен напад извршен од армијата во понеделникот на пазар во град во северен Дарфур, западен Судан, соопшти групата продемократски адвокати. „Воздушниот напад се случи за време на пазарен ден, каде што жителите на разни околни села се собраа да...
Повеќе од 100 луѓе загинаа, а неколку стотици се повредени во воздушен напад извршен од армијата во понеделникот на пазар во град во северен Дарфур, западен Судан, соопшти групата продемократски адвокати.
„Воздушниот напад се случи за време на пазарен ден, каде што жителите на разни околни села се собраа да купуваат, што резултира со смрт на повеќе од 100 луѓе и неколку стотици повредени, вклучително и жени и деца“, соопшти организацијата „Итни адвокати“, која ги документира злосторствата за време на конфликтот во Судан меѓу редовната армија и паравоените сили за брза поддршка.
Нападот се случил во Кабкабија, околу 180 километри западно од Ел Фахер, главниот град на регионот Северен Дарфур, кој од мај е под контрола на паравоените сили.
Од почетокот на конфликтот, кој почна во април 2023 година, неколку десетици илјади луѓе загинаа, а повеќе од 11 милиони се раселени./Извор:Makfax