Пожар во Студеничани пеплоса 500 бали со сено, на местото најдена кутија со искористен огномет

Маж од селото Елево, Студеничени пријавил дека пожар на сува трева се проширил во неговата нива и му однел 500 бали со сено. Од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје пожарот бил изгаснат, а повредени лица нема. На местото каде настанал пожарот била пронајдена кутија од искористен огномет, информираа...

авг 12, 2024 - 18:00
 0  1
Пожар во Студеничани пеплоса 500 бали со сено, на местото најдена кутија со искористен огномет

Маж од селото Елево, Студеничени пријавил дека пожар на сува трева се проширил во неговата нива и му однел 500 бали со сено.

Од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје пожарот бил изгаснат, а повредени лица нема.

На местото каде настанал пожарот била пронајдена кутија од искористен огномет, информираа од МВР.

Увид бил извршен и се работи на расчистување на случајот.

Викендов директорот на Центарот за управување со крзи, Стојанче Ангелов, апелираше да не се користат огномети бидејќи можат да предизвикаат пожари./Извор:Makfax