Претрес во Штип, пронајдена дрога

На 25.06.2024 во 10.50 часот во Штип, полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Штип ги лишиле од слобода М.А.(29) од Штип и Ќ.А.(27) од Гевгелија. При извршен претрес со наредба од Основен суд Штип во домот во Штип каде престојувал М.А. и каде...

јуни 26, 2024 - 21:00
 0  5
Претрес во Штип, пронајдена дрога

На 25.06.2024 во 10.50 часот во Штип, полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Штип ги лишиле од слобода М.А.(29) од Штип и Ќ.А.(27) од Гевгелија. При извршен претрес со наредба од Основен суд Штип во домот во Штип каде престојувал М.А. и каде била затекната Ќ.А., биле пронајдени и одземени кафеава прашкаста материја, марихуана, бела грутчеста материја и мобилен телефон, соопшти МВР.

По целосно документирање на случајот ќе следуваат соодветни поднесоци.