Претседателката Сиљановска Давкова го прими генерал Метин Ѓурак, началник на Генералштабот на Вооружените сили на Турција
Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска го прими генерал Метин Ѓурак, началник на Генералштабот на Вооружените сили на Република Турција. На средбата беше разговаранo за севкупните билатерални односи меѓу двете држави во областа на одбраната, коишто бележат континуиран развој, во духот на НАТО сојузништвото и стратешкото партнерство во сите области од...
Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска го прими генерал Метин Ѓурак, началник на Генералштабот на Вооружените сили на Република Турција.
На средбата беше разговаранo за севкупните билатерални односи меѓу двете држави во областа на одбраната, коишто бележат континуиран развој, во духот на НАТО сојузништвото и стратешкото партнерство во сите области од заемен интерес.
Во таа насока, претседателката Сиљановска Давкова го нагласи исклучително значајниот придонес на турските вооружени сили преку воено-финансиските договори, како и годишните планови за соработка кои обезбедуваат финансиска поддршка, воена опрема, одбранбени системи и обука на нашиот воен персонал.
Изразувајќи задоволство од непоколебливата и конкретна поддршка од Турција и турските институции од осамостојувањето на македонската држава, претседателката Сиљановска Давкова ја нагласи нејзината заложба за дополнително негување и зајакнување на блиските врски меѓу двете држави и за поттикнување на меѓусебни посети на високо ниво.