Претседателот на Литванија и премиерот на Латвија пристигнаа во Киев: „Ќе бидеме со украинскиот народ до победа“

Литванскиот претседател, Гитанас Науседа, и латвискaта премиерка, Евика Силина, утринава пристигнаа во Киев. „Само што пристигнав во Киев. Убаво е да се вратам и да го видам мојот драг пријател, претседателот, Володимир Зеленски, во солидарност со Украина. Воената и економската поддршка на Украина е од клучна важност за заштита на...

септември 11, 2024 - 12:00
 0  2
Претседателот на Литванија и премиерот на Латвија пристигнаа во Киев: „Ќе бидеме со украинскиот народ до победа“

Литванскиот претседател, Гитанас Науседа, и латвискaта премиерка, Евика Силина, утринава пристигнаа во Киев.

„Само што пристигнав во Киев. Убаво е да се вратам и да го видам мојот драг пријател, претседателот, Володимир Зеленски, во солидарност со Украина. Воената и економската поддршка на Украина е од клучна важност за заштита на нејзиниот суверенитет и територијален интегритет“, напиша Наузеда на „ Икс”.

Премиерката на Летонија на мрежата „Икс“ објави видео од нејзиното пристигнување на железничката станица во Киев и најави дека нејзината земја ќе биде со украинскиот народ до неговата победа и на патот на интеграцијата во ЕУ и НАТО.

Како што јавија светските медиуми, американскиот државен секретар, Ентони Блинкен, и британскиот министер за надворешни работи, Дејвид Леми, денеска ќе ја посетат Украина, каде што треба да се сретнат со Зеленски и други официјални лица./Извор:Makfax