Приведен дилер во Битола за издржување затворска казна

На 19.05.2024 во 00.20 часот на ул.„Охридска“ во Битола, полициски службеници од СВР Битола лишиле од слобода 36-годишник од Битола. Тој бил баран по централна потерница врз основа на наредба од Основен суд Битола за издржување казна затвор од една година за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во...

мај 19, 2024 - 16:01
 0  1
Приведен дилер во Битола за издржување затворска казна

На 19.05.2024 во 00.20 часот на ул.„Охридска“ во Битола, полициски службеници од СВР Битола лишиле од слобода 36-годишник од Битола. Тој бил баран по централна потерница врз основа на наредба од Основен суд Битола за издржување казна затвор од една година за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“ по член 215 од Кривичниот законик, соопшти МВР.

Лицето било спроведено во Казнено – поправната установа Затвор Битола за издржување на казната.