Приведен разбојник во Скопје, следува соодветна пријава

На 19.07.2024 во 12.20 часот, полициски службеници од Полициската станица Драчево го лишиле од слобода Д.Р.(31) од Скопје поради сомнение дека извршил кривично дело „разбојничка кражба“ по член 238 од Кривичниот законик. Тој бил фатен веднаш по извршување на делото во продажен објект на подрачјето на Драчево во Скопје, од...

јул 20, 2024 - 16:30
 0  1
Приведен разбојник во Скопје, следува соодветна пријава

На 19.07.2024 во 12.20 часот, полициски службеници од Полициската станица Драчево го лишиле од слобода Д.Р.(31) од Скопје поради сомнение дека извршил кривично дело „разбојничка кражба“ по член 238 од Кривичниот законик. Тој бил фатен веднаш по извршување на делото во продажен објект на подрачјето на Драчево во Скопје, од каде со употреба на сила од вработената одзел производи. Откако бил приведен во полициска станица агресивно се однесувал и упатил закани кон полициски службеник кој извршувал службени дејствија, соопшти МВР.

Одземеното било пронајдено и вратено на сопственикот, а лицето било задржано во полициска станица. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.