Привремен сообраќаен режим на патот Понов мост – Богданци
Од денеска на делницата од Понов мост до влезот во Богданци ќе има времен режим на сообраќај, информира АМСМ. Времениот сообраќаен режим е поради проширување на регионален пат Р1109 делница Понов мост – влез во Богданци. Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Интензитетот на сообраќај...
Од денеска на делницата од Понов мост до влезот во Богданци ќе има времен режим на сообраќај, информира АМСМ. Времениот сообраќаен режим е поради проширување на регионален пат Р1109 делница Понов мост – влез во Богданци.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На ГП Табановце се бележи зголемена фреквенција на возила за влез во Македонија, времето на чекање е околу 15 до 30 минути. На останатите гранични премини, од македонска страна, нема поголеми задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево./Извор:Makfax