Продолжи потрагата по исчезнатиот маж од Теново, вреќите со облека во облик на човечко тело во Вардар дадоа лажна надеж, вели ЦУК

И во текот на вчерашниот ден се трагаше по исчезнатото лице од село Теново, Општина Брвеница пријавено пред десет дена, извести Центарот за управување со кризи. Како што соопштија оттаму, во потрагата биле вклучени 25 полициски службеници кои ги пребарувале нивите, а и коритото покрај реката Вардар. Во трагањето по...

авг 16, 2023 - 15:20
 0  2
Продолжи потрагата по исчезнатиот маж од Теново, вреќите со облека во облик на човечко тело во Вардар дадоа лажна надеж, вели ЦУК

И во текот на вчерашниот ден се трагаше по исчезнатото лице од село Теново, Општина Брвеница пријавено пред десет дена, извести Центарот за управување со кризи.

Како што соопштија оттаму, во потрагата биле вклучени 25 полициски службеници кои ги пребарувале нивите, а и коритото покрај реката Вардар. Во трагањето по исчезнатиот маж се вклучиле и двајца војници од Армијата (АРСМ) со едно куче од армискиот Центар за обука и дресура за кучиња (ЦОДК) кои го пребарувале планинскиот дел на село Теново од 09:00 до 12:10 часот, заедно со еден вработен од ДЗС Тетово и еден вработен од Општина Брвеница.

– Фрлени вреќи со облека во облик на човечко тело во водата на Вардар за момент дадоа надеж дека исчезнатиот е пронајден. Конкретно, во 10:00 се препоставуваше дека исчезнатиот е пронајден во Реката Вардар во с. Радиовце, но тоа беше лажна трага, бидејќи по влегувње на нуркачите од ТППЕ Тетово беше утврдено дека не е исчезнатиот, туку дека тоа биле вреќи со алишта коишто во водата изгледале како човечко тело во облека. До крајот на денот, при потрагата не беше пронајдено исчезнатото лице, соопшти ЦУК.