Првиот гостин на Трамп во Белата куќа: Нетанјаху оди во САД
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху следната недела ќе се сретне со новиот американски претседател Доналд Трамп во Белата куќа, соопшти вчера неговиот кабинет. Трамп го покани израелскиот премиер да ја посети на 4 февруари, се вели во соопштението објавено од канцеларијата на Нетанјаху. Белата куќа потврди дека му била испратена покана...
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху следната недела ќе се сретне со новиот американски претседател Доналд Трамп во Белата куќа, соопшти вчера неговиот кабинет.
Трамп го покани израелскиот премиер да ја посети на 4 февруари, се вели во соопштението објавено од канцеларијата на Нетанјаху.
Белата куќа потврди дека му била испратена покана за почетокот на следната недела, но не прецизираа точен датум.
Нетанјаху ќе биде првиот странски лидер што ќе биде примен од Трамп откако тој го презеде новиот претседателски мандат минатата недела.
Состанокот на самиот почеток на мандатот на Трамп може да се смета како силен гест на поддршка за Нетанјаху, кој се најде под жестоки меѓународни критики за војната во Газа.
Соединетите Американски Држави се најважниот сојузник на Израел и најголемиот снабдувач со оружје. Додека претходникот на Трамп, Џо Бајден, никогаш не ја повлече својата поддршка за Израел, тој сè повеќе ја критикуваше воената кампања на земјата во Газа, во која загинаа повеќе од 47.000 Палестинци од почетокот на војната.
Од друга страна, се знае дека Трамп е многу поблизок со Нетанјаху.
Во првите денови од вториот мандат тој повторно му изрази поддршка на Нетанјаху. Покрај укинувањето на санкциите од времето на Бајден за израелските доселеници на Западниот Брег, Трамп, исто така, предизвика негодување со тоа што предложи да се „исчисти“ главно уништениот Појас Газа и да се преселат Палестинците во други арапски земји./Извор:Makfax