Пукање во Лондон: има повредени, меѓу нив и дете
Тројца возрасни и едно дете, кое се во тешка состојба, се ранети во пукотница што синоќа се случила во близина на ресторан во североисточниот дел на Лондон. Би-би-си јавува дека полицијата примила повик од улицата Кингсленд во Далстон околу 21 часот и 20 минути, откако таму биле испукани истрели. –...
Тројца возрасни и едно дете, кое се во тешка состојба, се ранети во пукотница што синоќа се случила во близина на ресторан во североисточниот дел на Лондон.
Би-би-си јавува дека полицијата примила повик од улицата Кингсленд во Далстон околу 21 часот и 20 минути, откако таму биле испукани истрели.
– На местото на пукањето дојдоа полицајци, меѓу кои и специјалисти за огнено оружје, како и лондонската Брза помош – соопштија од полицијата на британската престолнина.
Се вели дека четири лица се здобиле со прострелни рани и се пренесени во болница во источен Лондон.
Во полициското соопштение пишува дека детето се уште е во тешка состојба, а се очекуваат дополнителни детали за состојбата на останатите жртви од престрелката.
Се наведува дека засега никој не е уапсен и дека се уште се утврдуваат околностите на инцидентот./Извор:Makfax