Пукање во Студеничани – откако полицајците сакале да го приведат осомничениот се насобрала поголема група на луѓе, а притоа лицето избегало

На 02.11.2025 во 23:40 часот во СВР Скопје е пријавено дека околу 21:00 часот во с.Долно Количани, општина Студеничани, полициски службеници забележале едно лице, кое било со поголема група луѓе, како со пиштол испукало неколку проектили во воздух. Пиштолот му бил одземен, а при обид да го приведат, полициските службеници...

ноември 3, 2025 - 23:30
 0
Пукање во Студеничани – откако полицајците сакале да го приведат осомничениот се насобрала поголема група на луѓе, а притоа лицето избегало

На 02.11.2025 во 23:40 часот во СВР Скопје е пријавено дека околу 21:00 часот во с.Долно Количани, општина Студеничани, полициски службеници забележале едно лице, кое било со поголема група луѓе, како со пиштол испукало неколку проектили во воздух.

Пиштолот му бил одземен, а при обид да го приведат, полициските службеници биле спречени од толпата, по што лицето побегнало.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.