Путин ќе премести војници и системи на границата со Финска

Во интервју за руската државна новинска агенција РИА и државната телевизија „Росија 1“, рускиот претседател Владимир Путин ја сигнализира својата намера да ги зголеми силите по должината на границата со Финска. Рускиот лидер го критикува пристапувањето на Финска и Шведска во НАТО, објавија агенциите. „Ова е апсолутно бесмислен чекор (за...

Мар 13, 2024 - 16:00
 0  1
Путин ќе премести војници и системи на границата со Финска

Во интервју за руската државна новинска агенција РИА и државната телевизија „Росија 1“, рускиот претседател Владимир Путин ја сигнализира својата намера да ги зголеми силите по должината на границата со Финска.

Рускиот лидер го критикува пристапувањето на Финска и Шведска во НАТО, објавија агенциите.

„Ова е апсолутно бесмислен чекор (за Финска и за Шведска) од гледна точка на обезбедување на сопствените национални интереси“, рече тој додавајќи: „Немавме војници таму (на финската граница), сега ќе има. Таму немаше систем за уништување, сега ќе се појави“.