Рефлектор падна врз дете во забавен парк – уапсен прилепчанец

Денеска (20.08.2024) во 00.30 часот во СВР Струмица, од Медицинскиот центар Струмица било пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди бил донесен малолетник од струмичко. Според пријавеното, малолетникот се здобил со повредите во забавен парк во с.Ново Село, откако врз него паднал рефлектор. Во врска со настанот од слобода...

авг 20, 2024 - 18:00
 0  2
Рефлектор падна врз дете во забавен парк – уапсен прилепчанец

Денеска (20.08.2024) во 00.30 часот во СВР Струмица, од Медицинскиот центар Струмица било пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди бил донесен малолетник од струмичко. Според пријавеното, малолетникот се здобил со повредите во забавен парк во с.Ново Село, откако врз него паднал рефлектор.

Во врска со настанот од слобода бил лишен Б.К.(40) од Прилеп. Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Струмица и по целосно расчистување и документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава. .