Рио де Жанеиро регистрираше најтопол ден во последните 10 години

Бразилскиот град Рио де Жанеиро го забележа најтоплиот ден во последната деценија, а температурите достигнаа 44 степени Целзиусови, објавија денеска медиумите. Ова е втора највисока температура забележана откако Рио де Жанеиро воведе систем за предупредување за топлина. Претходниот рекорд беше 43,8 степени, измерен во ноември 2023 година, пренесува ABC News....

февруари 18, 2025 - 16:00
 0  1
Рио де Жанеиро регистрираше најтопол ден во последните 10 години

Бразилскиот град Рио де Жанеиро го забележа најтоплиот ден во последната деценија, а температурите достигнаа 44 степени Целзиусови, објавија денеска медиумите.

Ова е втора највисока температура забележана откако Рио де Жанеиро воведе систем за предупредување за топлина.

Претходниот рекорд беше 43,8 степени, измерен во ноември 2023 година, пренесува ABC News.

Градските власти издадоа предупредување за екстремни горештини во наредните денови.

На јавни места се поставени станици за разладување, додека здравствената служба е подготвена да прими зголемен број пациенти со срцеви проблеми./Извор:Makfax