Над 340.000 пензионери во државата од денес ќе добиваат за 2500 денари повисоки пензии

Над 340.000 пензионери во Република Северна Македонија од денес ќе добиваат за 2500 денари повисока пензија. Со линеарното покачување на пензиите во месец Септември и мартовската пензија во месец Април, пензионерите добиваат за 5000 денари повисоки пензии за само 9 месеци мандат од оваа Влада, извести МТСП. „Покачувањето на пензиите...

април 1, 2025 - 14:00
 0  0
Над 340.000 пензионери во државата од денес ќе добиваат за 2500 денари повисоки пензии

Над 340.000 пензионери во Република Северна Македонија од денес ќе добиваат за 2500 денари повисока пензија. Со линеарното покачување на пензиите во месец Септември и мартовската пензија во месец Април, пензионерите добиваат за 5000 денари повисоки пензии за само 9 месеци мандат од оваа Влада, извести МТСП.

„Покачувањето на пензиите беше едно од предизборните ветувања на оваа Влада, која веднаш, на првата владина седница, започна со постапката за нејзино реализирање.

Како Влада и ресорно министерство ја потврдуваме грижата за нашата највозрасна категорија на граѓани. Продолжуваме и понатаму со креирање на политики и мерки кои ќе го унапредуваат квалитетот на живот на пензионерите“, велат од МТСП./Извор:Makfax