Русите ја нападнаа Украина во текот на ноќта со 99 дронови и проектили
Русија лансираше вкупно 99 беспилотни летала и проектили на украинска територија во текот на ноќта, веднаш по истекот на 30-часовниот „велигденски прекин на огнот“ што самата го прогласи, соопшти утрово украинското воздухопловство. Нападите почнаа само неколку минути по полноќ, веднаш штом заврши примирјето кое Москва еднострано го најави од 18...

Русија лансираше вкупно 99 беспилотни летала и проектили на украинска територија во текот на ноќта, веднаш по истекот на 30-часовниот „велигденски прекин на огнот“ што самата го прогласи, соопшти утрово украинското воздухопловство.
Нападите почнаа само неколку минути по полноќ, веднаш штом заврши примирјето кое Москва еднострано го најави од 18 часот на 19 април. Украинската војска соопшти дека Русија истрелала 96 беспилотни летала и три проектили, насочени кон објекти во регионите Харков, Днепропетровск и Черкаси.
Противвоздушната одбрана успеа да собори 42 беспилотни летала, додека дополнителни 47 беа пренасочени со помош на електронско војување. Детали за проектилите не се објавени.
И покрај руската декларација за прекин на огнот, борбите, според Киев, продолжиле низ цела Украина. Москва, од друга страна, тврди дека Украина го искористила прекинот на огнот за да ги нападне руските позиции и сили.
Според регионалните власти, три лица загинале, а најмалку седум се ранети за време на нападот во период кога наводно важел прекинот на огнот.
Гувернерот на областа Херсон, Олександр Прокудин, потврди дека во руските напади во неделата загинале три лица, а тројца се ранети. Истиот ден, во регионот на Доњецк, во напади беа ранети уште четири лица, изјави гувернерот Вадим Филашкин.
Во напад со дрон врз селото Кившаривка кај Купјанск, во регионот Харков, била погодена станбена зграда, при што бил предизвикан голем пожар кој уништил најмалку 36 станови, потврди гувернерот Олех Синјехубов.
Кремљ тврди дека прекинот на огнот не бил координиран со Украина и го обвинува Киев за повеќекратни напади за време на неговото времетраење./Извор:Makfax