Руските сили го нападнаа Киев, Украинците соборија крстосувачки ракети „Искандер“
Воената управа на главниот град на Украина соопшти дека утринава над Киев биле соборени руски крстосувачки ракети „Искандер-К“. Руските сили го нападнаа Киев од север, се наведува во соопштението и се додава дека тоа е петти ракетен напад овој месец врз главниот град на Украина, пренесе порталот на британскиот весник...
Воената управа на главниот град на Украина соопшти дека утринава над Киев биле соборени руски крстосувачки ракети „Искандер-К“.
Руските сили го нападнаа Киев од север, се наведува во соопштението и се додава дека тоа е петти ракетен напад овој месец врз главниот град на Украина, пренесе порталот на британскиот весник „Гардијан“.
Ракетите се уништени со средства за противвоздушна одбрана, а засега нема информации за уништување или евентуални жртви.
Во главниот град на Украина и во голем број источни и северни региони претходно беше издадено воздушно предупредување поради закана од ракетен напад./Извор:Makfax