СДСМ: Итна оставка на Тошковски, но и разрешување на сите кој ги поставил на границата со Косово, почнувајќи од Наим Рамука

„Бараме Тошковски итно да поднесе оставка, а пред тоа да го направи, да ги разреши сите кои тој ги поставил на границата со Косово почнувајќи од Наим Рамука кој се однесува како шериф на границата. Секако, Рамука ова не би го правел без амин од Тошковски, затоа двајцата мора да...

авг 23, 2024 - 18:00
 0  2
СДСМ: Итна оставка на Тошковски, но и разрешување на сите кој ги поставил на границата со Косово, почнувајќи од Наим Рамука

„Бараме Тошковски итно да поднесе оставка, а пред тоа да го направи, да ги разреши сите кои тој ги поставил на границата со Косово почнувајќи од Наим Рамука кој се однесува како шериф на границата. Секако, Рамука ова не би го правел без амин од Тошковски, затоа двајцата мора да заминат. Му порачуваме да не се обидуваат преку жртвени јагниња од пониските ешалони да ја покриваат својата одговорност“ рече на прес-конференција пратеникот од СДСМ, Митко Трајчулевски откако објави како Блерим Рамадани бил пренесен во Косово.

Тој исто така побара и ОЈО веднаш да отвори постапка за организирано пуштање на слобода на затвореник од страна на лица вработени во МВР и Општина Чаир.

Како што кажа Трајчулевски, Рамадани на 10 август, кога требало да биде во куќен притвор, со возило Рено возено од началникот на северната граница Наим Рамука ја поминал границата со Косово без никаква контрола во 18 часот и 40 минути, а вечерта тие се вратиле, исто без контрола.

„На 14.08. четири дена подоцна, односно на денот кога Рамадани официјално ја напушта државата, преку границата го носи друго лице. За транспорт, овој пат со возило марка Фолксваген Пасат и скопски регистарски таблички, е задолжено лице вработено во општина Чаир како раководител. Неговиот идентитет нема да го откриеме и ќе почекаме тоа да го напраави ОЈО“ рече Трајчулески.

Тој кажа дека ова лице и Рамадани на границата кај Блаце биле пропуштени од раководителот на смена без контрола, бидејќи тој добил наредба да ги пропушти од Наим Рамука.

„Раководителот од општина Чаир го носи и остава на Косово Блерим Рамадани и за многу кратко време се враќа назад и повторно ја поминува границата без никаков документ. Според информациите, тој немал ниту лична карта ниту пасош со себе, но по наредба бил пропуштен да помине назад“ откри Трајчулески.

Од СДСМ прашуваат дали повторно ќе молчи Тошковски за неговата вмешаност во овој скандал и ќе продолжи да го брани Наим Рамука, кој ја има приватизирано границата, за свои политички потреби со амин токму на Тошковски.

„Ќе има ли конечно одговорност или Мицкоски и Тошковски ќе продолжат да ја префрлаат вината на други?“ праша Трајчулески.