СДСМ: ММФ за Македонија проектира многу низок раст и инфлација од 3,4%

„Македонија се наоѓа на дното на Балканот по економски раст. Единствено Босна и Херцеговина има полоша прогноза од нашата земја. Тоа не е реформа, тоа е капитулација.“ – истакна Кузеска. СДСМ алармираше за катастрофалните економски политики на власта кои ги потврдуваат и најновите проекции од Меѓународниот монетарен фонд, кои за...

април 23, 2025 - 17:00
 0  0
СДСМ: ММФ за Македонија проектира многу низок раст и инфлација од 3,4%

„Македонија се наоѓа на дното на Балканот по економски раст. Единствено Босна и Херцеговина има полоша прогноза од нашата земја. Тоа не е реформа, тоа е капитулација.“ – истакна Кузеска.

СДСМ алармираше за катастрофалните економски политики на власта кои ги потврдуваат и најновите проекции од Меѓународниот монетарен фонд, кои за 2025 година предвидуваат раст на БДП од 3,2% и инфлација од 3,4%.

Како што посочи портпаролката Богданка Кузеска, тоа значи дека реалниот економски раст е речиси нула – или со други зборови, граѓаните ќе живеат полошо, а ќе плаќаат повеќе.

„Со платите што стагнираат, со стандардот кој паѓа, со инфлацијата што ги јаде заштедите – оваа Влада не го носи народот напред, туку го турка надолу. И тоа го потврдува ММФ“, изјави таа.

СДСМ побара итно преструктурирање на економските приоритети, со фокус на зголемување на продуктивноста и вистинска борба против сиромаштијата, наместо само козметички мерки и политички маркетинг.