Шефот на диломатијата на Трамп: Нема средба меѓу Путин и Трамп без напредок за крај на војната

Можниот состанок меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и рускиот претседател Владимир Путин во голема мера ќе зависи од тоа дали можеме да постигнеме некаков напредок во завршувањето на војната во Украина, рече американскиот државен секретар Марко Рубио. Рубио вчера потврди дека во вторникот во Саудиска Арабија разговарал за таква средба...

февруари 21, 2025 - 19:00
 0  2
Шефот на диломатијата на Трамп: Нема средба меѓу Путин и Трамп без напредок за крај на војната

Можниот состанок меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и рускиот претседател Владимир Путин во голема мера ќе зависи од тоа дали можеме да постигнеме некаков напредок во завршувањето на војната во Украина, рече американскиот државен секретар Марко Рубио.

Рубио вчера потврди дека во вторникот во Саудиска Арабија разговарал за таква средба со рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров, порачувајќи ѝ на руската страна дека „нема да има средба додека не дознаеме за што ќе биде средбата“.

„Единственото нешто за што се договоривме е дека ќе разговараме за мир. Нивните понуди, на што се подготвени да се согласат, што се подготвени да размислат ќе одреди дали се сериозни за мир или не“, рече Рубио во интервјуто емитувано на „Икс“.

„Сè уште не сме во таа фаза“, додава тој.

Соединетите Држави обезбедија воена помош од десетици милијарди долари за Украина за време на војната, а Трамп рече дека американските инвестиции во украинските минерали би можеле да обезбедат дека тие пари ќе бидат вратени во некоја форма.

„Трамп е лут на Зеленски“

„Претседателот Трамп е многу лут на претседателот Зеленски“, рече Рубио.

„Ние се грижиме за (Украина) бидејќи тоа има импликации за нашите сојузници и на крајот за светот. Тука треба да има одредено ниво на благодарност“.

Вашингтон, исто така, врши притисок врз Киев брзо да преговара за договор за отворање на природните ресурси на Украина за американски инвестиции.

Рубио разговараше со Зеленски и американскиот потпретседател Џеј Ди Венс на состанокот во Минхен минатиот петок.

„Ние им објаснивме: ‘Видете, сакаме да заеднички да вложуваме со вас, не затоа што се обидуваме да ви ја украдеме земјата, туку затоа што мислиме дека тоа е всушност гаранција за безбедноста, бидејќи ние сме ваш партнер во важен економски потфат’“, рече Рубио.

Ова доаѓа во време на продлабочување на јазот меѓу Трамп и украинскиот претседател Володимир Зеленски. Трамп во средата го осуди Зеленски како „неизбран диктатор“ откако Зеленски рече дека Трамп е заробен во руски балон за дезинформации, одговор на американскиот претседател кој сугерираше дека Украина ја започнала војната./Извор:Makfax