Шукова за „Независен“: Скопје заслужува систем, ред и визија

Во интервју за порталот „Независен“, кандидатката за градоначалник на Град Скопје, Каја Шукова, зборува за својата визија за развој на главниот град, за плановите што сака да ги реализира. ,,Мој приоритет е Скопје повторно да функционира системски. Јавните претпријатија мора да почнат да ги извршуваат своите основни обврски чистење, уредување,...

окт 14, 2025 - 19:30
 0
Шукова за „Независен“: Скопје заслужува систем, ред и визија

Во интервју за порталот „Независен“, кандидатката за градоначалник на Град Скопје, Каја Шукова, зборува за својата визија за развој на главниот град, за плановите што сака да ги реализира.

,,Мој приоритет е Скопје повторно да функционира системски. Јавните претпријатија мора да почнат да ги извршуваат своите основни обврски чистење, уредување, водоснабдување, транспорт. Денес гледаме дека голем дел од тие функции се замрени и дека граѓаните не добиваат услуга каква што заслужуваат“, посочува Шукова.

Меѓу проектите што ги најавува се враќање на јавните чешми, воспоставување резервен систем за водоснабдување, како и нов концепт за управување со отпадот преку селекција, повторна употреба и намалување на количините што завршуваат на депонии.

„Ќе работиме на воспоставување ред во користењето на чистата вода и на рационално трошење на ресурсите. Паралелно, планираме 15 нови паркови за 15 месеци и воведување на БРТ системот како модерен, ефикасен јавен превоз. Скопје мора да стане зелен и поврзан град“, истакнува таа.

Во делот за загадувањето на воздухот, Шукова најавува мерки за поставување филтри на оџаците на домаќинствата и субвенционирање на граѓаните за враќање кон централното греење.

„Ако го решиме проблемот со отпадот и воведеме нов јавен превоз, ќе имаме системски ефект врз чистиот воздух. Граѓаните не бараат многу само ефикасност, транспарентност и почит. Тоа е мојата визија за Скопје“, порачува Шукова во интервјуто за „Независен“.