Шутаров: После 1.000 дена касно му текна на ВМРО-ДПМНЕ, ништо не ги пере за катастрофата во Скопје

Интегрален текст од денешната прес-конференција, Гордан Шутаров, советник во Советот на Град Скопје: До денеска изминати се точно 1.018 денови од кога ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски ја востоличија Арсовска за градоначалник на Скопје како „најуспешна менџерка“. Над 1.000 денови како ВМРО-ДПМНЕ има мнозинство во Советот, претседател на Советот и бројни членови...

авг 15, 2024 - 18:00
 0  0
Шутаров: После 1.000 дена касно му текна на ВМРО-ДПМНЕ, ништо не ги пере за катастрофата во Скопје

Интегрален текст од денешната прес-конференција, Гордан Шутаров, советник во Советот на Град Скопје:

До денеска изминати се точно 1.018 денови од кога ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски ја востоличија Арсовска за градоначалник на Скопје како „најуспешна менџерка“.

Над 1.000 денови како ВМРО-ДПМНЕ има мнозинство во Советот, претседател на Советот и бројни членови на управните одбори во градот.

За сите изминати катастрофални денови за нашето Скопје, изгубени за скопјани и пропадната шанса за развој и напредок на главниот град виновни се Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ.

Откако им пропаднаа бизнис зделките со Арсовска започнаа да се изживуваат со скопјани. Иако имаат мнозинство во Советот со години и на секаков можен начин ја кочат работата и на јавните претпријатија и на градот воопшто.

Градот Скопје и јавните претпријатија функционираат врз основа на изгласување на Буџет и Програми за работа.

Но советниците на ДПМНЕ не ги гласаа програмите за:

-воведување брз и еколошки транспорт (БРТ)

-програмата за развој

-програмата за превоз на патници

-за изградба и реконструкција на улици

– за субвенции за улици и патишта

-за заштита на животната средина

-инвестиционите програми за јавните претпријатија.

ВМРО-ДПМНЕ намерно не ги гласаа овие програми, само за да прават штета и да се пресметаат со Арсовска. Заедно со неспособноста на Арсовска ДПМНЕ го турна нашиот главен град во пропаст.

Ова што му се случува на Скопје е најголемата катастрофа после земјотресот. Градот никогаш не бил по нечист, полн е со ѓубре, со јавни претпријатија на раб на колапс.

Град во кој нема нови модерни 250 еколошки автобуси и дури воопшто нема автобуси а тие што ги има доцнат, се палат и не се безбедни.

Се уште не може да се поврзат двата нови моста изградени со пари добиени од ТАВ Програмата, мостот Михајло Апостолски во Аеродром и мостот Љубљанска во Карпош.

Има неисчистени диви депонии, нереализираните 5 мега паркови, непостоењето на нов модерен луна парк најголем на овие простори.

Ниту еден капитален проект не е реализиран, ниту пак нешто е направено. Загубени денови, загубени години за Скопје кои граѓаните не ги заслужуваат.

После целиот хаос што го создаде во Скопје вчера слушаме дека на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ им текнало на Скопје.

Па уште се обидуваат да се прикажат како спасители кои ете ќе ги решеле проблемите во градот.

Касно е дечки. Касните 1.000 денови.

На 400 дена пред локалните избори ова не е ништо друго туку обид за перење на сопствената вина за она што душмански му го направија на Скопје.

Пред било што да направи ВМРО-ДПМНЕ треба да излезе и да им се извини на граѓаните на Скопје и да преземе одговорност.

Бараме првенствено ВМРО-ДПМНЕ да им се извини на сите граѓани на Скопје за ситуацијата во која свесно го донесоа Градот.

Потоа ВМРО-ДПМНЕ треба да одговори што се случува со капиталните проекти:

Зошто нема нови 250 модерни еколошки автобуси ?

Што ќе се случи со проектот на БРТ? За кој со закон во Собранието и потпишан договор помеѓу министерството за финансии, транспорт и врски и ЕБОР се обезбедија 70 милиони евра за нов концепт на јавен превоз во Градот Скопје, за кои на годишно ниво плаќаме камати заради нереализирање на истиот.