Силен земјотрес на Халкидик, бил почувствуван и на Тасос

Земјотрес со јачина од 4,1 степени според Рихтеровата скала утрово ја погоди Грција. Земјотресот е регистриран во 7.19 часот на длабочина од три километри, во близина на Света Гора на Халкидик. Земјотресот е регистриран во Егејското Море, на 113 километри од Солун. Засега нема информации за повредени или материјална штета....

авг 7, 2024 - 21:30
 0  1
Силен земјотрес на Халкидик, бил почувствуван и на Тасос

Земјотрес со јачина од 4,1 степени според Рихтеровата скала утрово ја погоди Грција.

Земјотресот е регистриран во 7.19 часот на длабочина од три километри, во близина на Света Гора на Халкидик.

Земјотресот е регистриран во Егејското Море, на 113 километри од Солун.

Засега нема информации за повредени или материјална штета.

Според веб-страницата ЕМСЦ, земјотресот бил почувствуван и на островот Тасос./Извор:Makfax