Синоптичарите излегоа со прогноза – Следува невреме низ речиси цела Македонија

Денес ќе има врнежи од дожд, кои локално ќе бидат обилни (над 30 l/m2), повремено поројни, особено во северните и североисточните делови од земјата. Наместа ќе има и ретка појава на грмежи. И утре ќе има повремени врнежи од дожд и локална појава на грмежи, особено претпладне. Во четврток ќе...

септември 10, 2024 - 18:00
 0  2
Синоптичарите излегоа со прогноза – Следува невреме низ речиси цела Македонија

Денес ќе има врнежи од дожд, кои локално ќе бидат обилни (над 30 l/m2), повремено поројни, особено во северните и североисточните делови од земјата. Наместа ќе има и ретка појава на грмежи. И утре ќе има повремени врнежи од дожд и локална појава на грмежи, особено претпладне. Во четврток ќе настапи преодно стабилизирање на времето, а од петок се очекуваат нови врнежи од дожд и локала појава на грмежи.

Прогноза за 12.09.2024
Минимална температура: 9°C до 18°C
Максимална температура: 23°C до 29°C

Сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер претежно од југозападен правец.

Прогноза за 13.09.2024
Минимална температура: 10°C до 19°C
Максимална температура: 22°C до 28°C

Променливо облачно, попладне нестабилно со локален пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од југозападен правец.

Прогноза за 14.09.2024
Минимална температура: 11°C до 19°C
Максимална температура: 21°C до 28°C

Променливо облачно, попладне со локален пороен дожд и изолирана појава на грмежи. Ќе дува умерен, долж Повардарието засилен ветер претежно од северозападен правец.