Синоптичарите објавија четиридневна прогноза – Следува невреме, а потоа повторно многу високи температури

До сабота времето ќе биде променливо облачно и нестабилно со повремен пороен дожд и грмежи. Процесите ќе бидат поинтензивни и на повеќе места ќе има пороен дожд и грмежи, повремено како локално невреме со пообилен пороен дожд. Од недела ќе има повеќе сончеви периоди и ретка појава на пороен дожд...

авг 30, 2024 - 00:00
 0  2
Синоптичарите објавија четиридневна прогноза – Следува невреме, а потоа повторно многу високи температури

До сабота времето ќе биде променливо облачно и нестабилно со повремен пороен дожд и грмежи. Процесите ќе бидат поинтензивни и на повеќе места ќе има пороен дожд и грмежи, повремено како локално невреме со пообилен пороен дожд. Од недела ќе има повеќе сончеви периоди и ретка појава на пороен дожд и грмежи, претежно во планинските подрачја. Најсвежо преку денот ќе биде утре и во сабота, а потоа температурите постепено ќе се покачуваат.

Прогноза за 31.08.2024
Минимална температура: 10°C до 20°C
Максимална температура: 26°C до 32°C

Променливо облачно и нестабилно со повремен пороен дожд и грмежи, локално и во форма на краткотрајно невреме. UV=6

Прогноза за 01.09.2024
Минимална температура: 11°C до 19°C
Максимална температура: 27°C до 34°C

Сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец. Попладне во планинските подрачја ќе има услови за краткотраен пороен дожд и ретки грмежи. UV=7

Прогноза за 02.09.2024
Минимална температура: 11°C до 19°C
Максимална температура: 28°C до 35°C

Сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец. Попладне во планинските подрачја во источните делови од земјата ќе има услови за краткотраен пороен дожд и услови за ретки грмежи. UV=7