Снег ќе трупа во делови од Македонија, потоа следува и засилен ветер – Метеоцентар со детална прогноза за времето

Во сабота попладне, во текот на ноќта и во недела под влијание на влажен бран времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд. На планините, а во недела и на некои од повисоките места врнежите ќе бидат од снег. Во недела попладне и во понеделник ќе дува засилен...

дек 12, 2024 - 21:00
 0  2
Снег ќе трупа во делови од Македонија, потоа следува и засилен ветер – Метеоцентар со детална прогноза за времето

Во сабота попладне, во текот на ноќта и во недела под влијание на влажен бран времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд. На планините, а во недела и на некои од повисоките места врнежите ќе бидат од снег. Во недела попладне и во понеделник ќе дува засилен северен ветер.

Прогноза за 14.12.2024
Минимална температура: -4°C до 3°C
Максимална температура: 5°C до 10°C

Променливо облачно, претпладне со појава на магла по одделни котлини. Попладне и во текот на ноќта ќе има повремени врнежи од дожд, а на планините од снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.

Прогноза за 15.12.2024
Минимална температура: 2°C до 7°C
Максимална температура: 4°C до 11°C

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд, а на планините и на некои повисоки места од снег. Ќе дува слаб до умерен, а попладне засилен северен ветер.

Прогноза за 16.12.2024
Минимална температура: -3°C до 5°C
Максимална температура: 3°C до 10°C

Променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец.