Снегот се враќа во делови од Македонија, очекувајте студено и облачно време со температури под нулата – Познато е кога да очекуваме затоплување

Утре времето ќе биде променливо облачно и студено со умерен до засилен северен ветер (над 60км/ч.). Претпладне претежно во западните и југозападните делови ќе има врнежи од дожд и снег во пониските и од снег на повисоките места и на планините, каде ќе се формира нова снежна покривка (2-10см). Потоа...

Мар 17, 2025 - 21:00
 0  1
Снегот се враќа во делови од Македонија, очекувајте студено и облачно време со температури под нулата – Познато е кога да очекуваме затоплување

Утре времето ќе биде променливо облачно и студено со умерен до засилен северен ветер (над 60км/ч.). Претпладне претежно во западните и југозападните делови ќе има врнежи од дожд и снег во пониските и од снег на повисоките места и на планините, каде ќе се формира нова снежна покривка (2-10см). Потоа следува период на стабилно време со ниски утрински температури кои до петок насекаде ќе бидат под нула.

Прогноза за 19.03.2025
Минимална температура: -8°C до 0°C
Максимална температура: 7°C до 14°C

Утрото студено, преку денот претежно сончево. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.

Прогноза за 20.03.2025
Минимална температура: -9°C до -1°C
Максимална температура: 10°C до 17°C

Утрото студено, преку денот претежно сончево. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.

Прогноза за 21.03.2025
Минимална температура: -7°C до 0°C
Максимална температура: 15°C до 22°C

Утрото студено, преку денот сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец.